11 години правел куќа во КАРПА, а резултатот е НЕВЕРОЈАТЕН (ФОТО+ВИДЕО)

popara15 јуни, 20201min00
Annotation 2020-06-15 162305

Погледнете какво чудо направил Грант Џонсон во дивините на Америка.

Грант Џонсон во текот на седумдесетите години на минатиот век се доселил во Јута во потрага по работа, се вработил во рудник во близина на Боулдер.

Во почетокот на 1980 успеал да собере нешто пари и да купи малку земја во неразвиено подрачје.

Наредните 25 години живеел во приколка, мечтаејќи за својот дом. Во текот на 1996 година почнал да организира јавачки тури по дивината, и во тоа време решил да почне со минирање на една огромна карпа која се наоѓала на неговиот имот. Тоа требало да биде неговиот иден дом.

Му требале осум години за да ја издлаби карпата и уште три за во потполност да ја уреди, без било какви метални или дрвени потпирачи.

Конечниот резултат ги воодушевува сите – Џонсон зеленчукот го одгледува сам, водата ја спровел од некое езерце во близина, а за струјата има мини-хидроцентрала.  

Единствениот допир со цивилизацијата е сателитскиот интернет кој го вовел бидејќи во меѓувреме почнал да изнајмува делови од својот дом кој има 1.500 метри квадратни.  

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag