Џорџ Круз е познат фитнес тренер задолжен за кондицијата и фигурата славните личности, меѓу кои се Кортни Кардашијан и Џенифер Лопез.
Тој смисли диетален план заснован врз концептот „Intermittent Fasting“, каде е дозволено да јадете и пиете во одреден период од осум часа. Повремениот пост (Intermittent Fasting) може да се спроведе и во подолги интервали, може да трае и цел ден.
Но, осум часа е идеална мерка која што не претставува огромна тортура и нуди шанса да го прифатите системот на исхрана и да добиете резултати.
19 дена е идеална мерка
Повремениот пост или Intermittent Fasting нема да има толку голем ефект ако на неколку дена се откажувате, па повторно почнувате, бидејќи на телото му треба континуитет за да се навикне на новиот ритам. Затоа е препорачливо овој начин на исхрана да го практикувате 19 дена по ред.
Кога 23 возрасни личности го ограничиле периодот во кој е дозволено да јадат, од 10 до 18 часот, внесувале 350 калории помалку од нивната контролна група, покажа истражувањето објавено во списанието Nutrition and Healthy Aging. Исто така, забележано е губење на тежината и намалување на крвниот притисок.
Долгите периоди без храна го доведуваат телото во состојба во која почнува да ги согорува постоечките масни залихи и спречува ненадејно покачување во нивото на шеќер во крвта. Ова значи дека нема ненадејни скокови или падови во шеќерот во крвта, односно го нема чувството на глад што го предизвикуваат.
Круз објаснува дека треба да го поделите денот во две зони: црвена и сина.
Сина зона: Ова е осумчасовен период кога можете да јадете, но клучот за успехот е да консумирате урамнотежена исхрана. Исто така, се советува дека осумчасовниот период треба да започне што е можно порано наутро. Ако внесете поголем дел од дневните калории пред 14 часот, ќе изгубите поголема тежина.
Црвена зона: Тоа е периодот од 16 часа во кој не треба да јадете, а дозволена е консумација на вода и чај. Поголемиот дел од ова време ќе спиете, така што воздржувањето од храна нема да биде толку тешко како што изгледа на прв поглед.
Што да јадете за време на сината зона?
Доколку ве интересира што е пожелно да биде на вашето мени во сината зона, имајте на ум дека не треба да броите калории или да се откажувате од одредена храна, но исто така не е препорачливо да јадете помфрит, палачинки, торти или слично. Изборот треба да биде квалитетна храна, добра за вашето здравје и тоа ќе ви даде чувство на ситост за време на црвената зона. Џорџ препорачува тоа да биде на пример грчка салата, пица со печурки, пилешко со ореви, многу овошје и зеленчук … Оброкот треба да се состои од 50 % здрави масти, 30 % јаглени хидрати од зеленчук и интегрални житарки и 20 % протеини од јајца, пилешко, лосос, туна … Не заборавајте да го зголемите внесот на вода за за да спречите дехидрираност. За ужина: леблибија, овошје, авокадо зачинето со морска сол, бобинки со слатка павлака …
Она што треба да го избегнувате е храна како – шеќер, преработени јаглехидрати, храна богата со заситени маснотии. Наместо кафе, фитнес инструкторот препорачува пиење чај.