Американскиот рапер Тупак Амару Шакур, попознат како 2Pac, денес би го прославил својот 49ти роденден. Починал на 13 септември 1996 година, откако бил застрелан во Лас Вегас, но не сите веруваат дека тој навистина починал. Повеќе од две децении, низ целиот свет кружат разни теории на заговор, тврдејќи дека тој е всушност жив.
Минатата година, детективот Грег Кадинг (57), кој работеше на случајот, сподели неколку непознати детали за смртта на раперот, вклучувајќи го и името на убиецот. Еден човек по име Орландо „Baby“ Андерсон го убил Шакур во 1996 година, како одмазда, откако бил претепан од членовите на бандата на раперот. Орландо почина во 1998 година во пукање со една банда, негирајќи каква било вмешаност во убиството дотогаш, и тој никогаш не бил обвинет, известува Метро.
„Андерсон е момчето со кое Тупац се степал со таа ноќ, а тој подоцна се вратил да се одмазди со својата банда“, изјавил детективот за странските медиуми.
Сепак, тоа е една верзија на приказната. Од друга страна, поранешниот телохранител на Тупак раскажал како му помогнал на раперот да ја лажира својата смрт и да оди во Куба. Луѓето од целиот свет неколкупати контактирале со медиумите во последните 24 години велејќи дека го виделе раперот или имаат детали за неговата смрт.
Сето ова го натерало продуцентот Рик Боса да снима филм на оваа тема. Тој најавил дека насловот на филмот ќе биде ‘2Pac: The Great Escape From UMC’, пишува The Rolling Stone.
– Во филмот, ќе го следиме Тупац, додека тој го напушта Вегас и продолжува да живее во Њу Мексико. Се разбира дека е можно да се напише фикција, но ова не е фикција. Ова се факти кои доаѓаат од проверени извори – објасни режисерот. Но, актерот кој ќе го игра славниот рапер, Ричард Гарсија, не се согласува со мислењето на режисерот, но истакнува дека верува дека раперот починал во септември 1996 година.
Филмот се очекува да биде објавен во 2021 година. 2Pac е роден во сиромашен дел од Њујорк, и честопати велел дека му е чудно како станал богат. Тој беше близок со Џејд Пинкет (48), денес сопруга на Вил Смит (51) и тоа пријателство траело до неговата смрт. Тој верувал во карма, но не во разни верски обичаи.