3 фантастични рецепти за јадења од стар леб

popara5 април, 20202min00
bread

Воопшто не мора да месите тесто за да направите колач или пица, а не треба ни да купувате кори. Многу е веројатно дека сите состојки веќе ги имате дома.

Сигурно родителите ви велеле да не го фрлате лебот па така таа навика да не се фрла лебот влезена ни е во секојдневието, па со денови остатоците од леб ни се мотаат низ дома. Но стариот леб навистина не мора да се фрли и може да се искористи за да се подготват вкусни јадења.

Пица од стар леб

Потребни состојки: 200 гр. сланина исечкана на тенки парчиња, може и шунка. 200 гр.кашкавал, маслиново масло по желба, 2 чешниња лук, 100 мл доматен сос, оригано.

Начин на приготвување: Лебот засечете го што е можно повеќе , но внимавајте да не го пресечете до крај. Долната кора да му остане цела. Во чинија помешајте доматен сос и оригано, па со таа мешавина премачкајте го секој засек на лебот. Во тие засечени делови ставете ги сланината и кашкавалот и ставете да се пече половина час.

Колач од стар леб и јаболка

Состојки: 150 гр. шеќер, 150 гр. путер, 6 јаболки исечени на кругови, стар леб исечен на коцки, 200 мл млеко, 2 јајца, 200 мл слатка павлака.

Начин на приготвување: Ставете го шеќерот во подлабок сад и оставете го да се стопи на тивок оган. Потоа додадете 150 гр. путер. Кога смесата ќе зоврие во неа додадете 6 јаболки исечени на кругови. Оставете смесата да се свари на тивок оган 5  минути.

Потоа извадете ги јаболките една по една и ставете ги во огноотпорен сад. Сочувајте ја смесата која сте ја добиле од варењето. На јаболките наредете го стариот леб исечен на коцки, па на врвот ставете уште јаболки.

Во посебен сад сматете ја слатката павлака и млекото, како и двете јајца, па сето тоа прелијте го преку јаболките и лебот. Печете еден час на 180 степени.

Потоа извадете го колачот и преку него прелијте ја смесата во која се готвеа јаболките.

Мусака од леб

Состојки: 250 гр. мелено месо, 1 главица кромид, 2 чешниња лук, 1 морков, 1 лажичка маст, 200 гр кисела павлака, 2 јајца, стар леб, 300  мл млеко,сол и бибер, 50 гр. кашкавал.

Начин на приготвување: Во тавче пропржете го кромидот, лукот, па додадете го и ренданиот морков. Кога кромидот ќе стане сладок додадете го и месото, па пржете додека сосема не биде готово. Додадете ги зачините.

Во огноотпорен сад наредете кришки стар леб, па преку нив додадете го готовиот фил, а потоа уште еден слој леб. Во посебен сад изматете ги јајцата, павлаката, млекото и малку сол. Прелијте ја мусаката со оваа смеса и ставете ја да се пече околу половина час на 200 степени.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag