Одличен економичен совет за веѓи до визуелно совршенство
За да се постигнат совршени веѓи, многу дами испробуваат еден многу популарен совет што многумина во Холивуд го знаат одамна! Имено, станува збор за едноставен и евтин метод со кој за еден момент ќе добиете совршени веѓи.
Сапун
Парче од најобичен сапун е тајната за полни веѓи. Овој луд beauty тренд функционира прилично едноставно: потребна е само четка за веѓи и парче обичен сапун.
Навлажнете ја четката со топла вода. Потоа, протријте ја четката на сапунот додека не се задржи тенок слој сапун на четката. Потоа, четкајте ги веѓите нагоре. Вака ќе добиете ефект на оптички полни веѓи. Вишокот сапун можете внимателно да го отстраните со шамивче. Евентуално, можете да ги „дополнете” веѓите со помош моливче за веѓи (ако мислите дека не се доволно полни).
Сапунот ќе ги фиксира веѓите слично како гелот или восокот за веѓи. Изгледот ќе биде постојан цел ден.
Дополнителен совет за „заштеда“: Ако не сакате да купите дополнителна четка за веѓите, можете да користите стара маскара или четка за заби. Само претходно добро исчистете ги за да можете понатаму да ги користите за веѓите.