4 мали трикови за подобар живот: применувајте ги овие совети секој ден

popara12 јуни, 20201min00
Annotation 2020-06-12 115534

Уметноста на комуникацијата

Создавање нераскинливи врски со други луѓе е доживотна инвестиција. За да создадете ваков вид врски, не мора постојано да ја импресионирате личноста спроти вас, да бидете генијалец или премногу духовит, бидејќи создавањето комуникација е двонасочен процес. Квалитетен однос се гради со покажување интерес за разговорот и внимателно слушање на другата личност. Прилагодете го вашиот разговор со лицето со кое разговарате и водете сметка за невербалнат комуникација. За возврат, треба да добиете иста реакција и одговор.

Помогнете му на своето тело

Хроничната болка не само што го комплицира секојдневниот живот, туку влијае и на психолошкиот аспект на поединецот. Често се појавува чувство на вина поради неможноста да се вклучите во нормални активности. Постојаните болки, стресот, исцрпувањето, а понекогаш и осаменоста ја засилуваат болката. За да ги пречите такви услови, користете неколку трикови. За почеток, дишете нормално од стомакот и не го задржувајте здивот, обидувајќи се да создадете бариера помеѓу вас и болките. Со длабоко, слободно дишење, ќе го намалите нивото на болка. Не ги игнорирајте болките и местото што боли, туку обидете се да го сакате тој дел од телото и дајте му нежност и разбирање. Дајте љубов на вашето тело, како и благодарност за напорот што му е потребен за да се лекува.

Прошетка со себе

25-минутно прошетка низ зелен простор како поле, па дури и обичен градски парк може да ве однесе во медитативна состојба. Одењето вака ќе го намали менталниот замор и ќе ги зголеми вашите когнитивни функции. Фокусирајте се на сензациите што ги добивате од околината и за промена обидете се да пешачите без крајна дестинација. Изгубете се , талкајте и слушај каде ќе те однесат нозете и интуицијата.

Време на учење

Човекот учи додека е жив и учењето е еден од најдобрите начини да го задржите мозокот во одлична форма. Сепак, како и физичкото вежбање така и менталниот напор бара труф и тоа не е секогаш лесно и едноставно. Ако се подготвувате да полагате испит или да подготвите важна презентација на работа, најдобро е да пешачите околу дваесет минути пред да учите, како и да читате гласно наместо во себе. Исто така, направете мали паузи и наградете се некое задоволство после секое поглавје што сте го прочитале.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag