4 совети за сите оние кои бараат љубов преку Интернет!

popara9 септември, 20201min0
1

Доколку сте решиле да барате љубов преку апликација, еве што треба да имате во предвид …

1. Избегнувајте необични фотографии. Под тоа подразбираме слики од вас кога сте биле бебе, слики од пред 10 години кога сте изгледале сосема поинаку, а особено слики што се толку фотошопирани што дури и вашата мајка не би ве препознала. Се надевате дека момчето на кое кликнавте изгледа како оној на сликата, затоа постапувајте соодветно. Измамата не води до ништо. Некогаш ќе мора да се сретнете со него, а потоа нема да можете да скриете ништо!

2. Изберете совршена фотографија за насловна страница. По можност некоја на која сте сами. Без најдобар пријател, мајка, братучетка, сестра или било кој да ве замени. Сакате да ја  отвори ВАШАТА фотографија,на ВАШИОТ профил за запознавање!

3. Размислете за придружба за вашиот прв состанок. Не е лошо да имате придружба за вашата прва средба во живо. Не мора да биде со вас, но да биде неколку маси подалеку за да може да ве следи или да може да скокне ако е потребно. Организирајте таен сигнал ако ви треба помош.

4. Кафето е добра идеја за прв состанок. Вечерата е преформална, но кафето е идеално. Кафулето е одлично место за прв пат да се сретнете во живо. Атмосферата е опуштена, ќе бидете порелаксирани, и покрај тоа, ќе бидете опкружени со толпа луѓе во случај нешто да тргне наопаку и едноставно да заминете!