4 совети за совршено крцкав и неодолив тост сендвич!

6 август, 20200
тост 1

Готвачката Оливија Стоун од Мелбурн која специјализирала за специјалитети од сирење, на Фејсбук споделила совети и трикови за совршен тост сендвич.

Квалитетно сирење, леб стар најмалку еден ден, путер и малку сол се главните совети кои ќе го направат вашиот сендвич неодолив.

Таа објаснила дека е најдобар лебот кој е стар еден ден бидејќи има помалку влага во него, што значи дека ќе биде покрцкав.

– Не користете премногу кашкавал, помалку е повеќе- истакнала таа и додала дека штом кашкавалот при топењето излегува од краевите на лебот, значи дека сте ставиле премногу.

Пред да го ставите лебот во тостер, намачкајте ги надворешните страни од лебот со путер.

Кога сендвичот е готов, ставете му малку сол и послужете го.

На здравје!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *