ЗАР ВЕЌЕ НЕ ПЛАТИ ЗА НАШИТЕ ГРЕВОВИ? Ќерката на Мајкл Џексон ќе го глуми Исус во новиот филм кој го претставува како жена која сака други жени!

popara30 јуни, 20201min00

Ќерката на легендарната поп суперѕвезда, Мајкл Џексон, Париз ќе го игра Исус Христос, кој во овој филм ќе биде претставен како лезбејка која ќе заплови во сексуални искуства со други жени.

Овој контроверзен филм ќе се вика „Навика“!

Имено, заплетот на овој филм ќе следи девојка која има фетиш за Исус, и која ќе се вмеша во дилање со дрога, а потоа ќе се крие маскирана како монахиња.

Овој филм сè уште нема официјален датум на објавување, а веќе се започнати петиции со кои се бара овој филм да биде запрен.

Петицијата „Стоп за холивудскиот напад врз Исус“ има над 100 000 потписи, а луѓето што стојат зад оваа петиција тврдат дека филм како овој ќе ги збуни децата затоа што „новиот Христос“ извртува верзија на Исус од Библијата.