Парот, кој ја одложи свадбата поради пандемија на коронавирус, беа видени како возеле велосипеди. Тие изгледаа многу заљубени, а Џенифер покажа необичен стајлинг за возењето.
Пејачката беше во едноделен костим за капење од брендот Guess, чие заштитно лице е, а претходно позираше на Инстаграм во таков костум за капење, само во бела боја. Алекс беше во тренерка и маица со долги ракави и патики додека носеше заштитна кацига на главата за разлика од Џенифер. Обајцата носеа маски за лице и очила за сонце, и беа придружувани од пријателите.
Лопез и нејзиниот свршеник, пензиониран бејзбол играч, изминативе неколку недели се наоѓаат во изнајмена вила во Хемптонс, а нивните деца од претходните врски повремено се со нив. Двојката го сака луксузното одморалиште толку многу што ги обиколува куќите и планираат да купат своја куќа.