popara29 јули, 20201min00
korona makrt

Како што објаснуваат научниците, оваа анимација покажува дека честичките кои остануваат во воздухот неколку минути, само после едно кашлање, можат да заразат луѓе во два околни редови во супермаркет.

Компјутерската симулација покажува како вирусот од инфицираната особна патува во затворен простор, а дури и кога инфицираната личност заминува, зад неа останува облак од честици.
Како што може да се забележи на снимката, откако личноста ќе се накашла, вирусот се шири низ просторот. Сините честици кои се делови од вирусот остануваат пократко, додека жолтите се искачуваат над нив. И после цела минута, како што покажува снимката, огромен број на честици останува на местото каде што била инфицираната личност, и се движи како облак.

Како што објаснуваат, паѓањето на честиците на подот може да трае и до неколку минути а екстремно малите честици вирус не паѓаат на подот туку се движат во воздухот или остануваат да лебдат доколку нема воздушни струи. Некои од нив можат да завршат и во респираторниот тракт на минувачите.