Сосема поинакво издание од она на кое сме навикнати!
Лепа Брена ги воодушевува фановите секој ден објавувајќи фотографии од одморот во Монако на својот Инстаграм профил.
Така, имавме можност да ја видиме пејачката во разни изданија, од елегантни, опуштени, сè до оние во костими за капење. Таа поголемиот дел од времето го поминува со семејството и пријателите на луксузни јахти, сончајќи се со капа со големи очила на главата.
Сепак, сега Брена објави малку поинаква фотографија!
Имено, иако повторно е на јахта и го откри горниот дел од костимот за капење, овој пат пејачката нема шешир или очила, па можеме да видиме како изгледа без тронка шминка на лицето.
На неа може да се види секоја брчка, како и пегите на градите и на рамената, што немаме можност да ги видиме на фотошопирани и обработени фотографии. Со овој потег, Лепа Брена покажа дека најважно за неа е да ужива и да се забавува и помалку се занимава со тоа како изгледа.