47те на Цеца: Можеше да биде и подобро, можеше да биде и помалку болно, но не сакам да живеам во минатото

popara14 јуни, 20203min00
ceca

– Судбината нашите животи да ги напуштат нам драги луѓе, но не бидејќи не се веќе меѓу живите, туку бидејќи за нас се мртви – вели Цеца на прашањето што ја повредува најмногу во животот.

“Светлана Цеца Ражнатовиќ денес, на 14 јуни, наполни 47 години, и токму по тој повод имавме можност за искрен разговор со фолк ѕвездата”-пишува Телеграф. Многу работи ја исполнија нејзината 46та година, и на нејзина радост и радост на нејзините најблиски, може да се каже дека имаше доста убави и радосни случувања.  

Тоа се гледа на неа – среќата поради случувањата кои се впишаа на листата на најубави случувања кои човек може да ги доживее, а иако сигурно би било поубаво 47от роденден да го одбележи со прослава меѓу најблиските, таа го слави, како во свој стил низ смеа вели, “под маски “.

Ќе биде ли копија на баба: Синот на Вељко е ист хороскопски знак ...

“Разговорот со фолк ѕвездата во чии 47 години се собраа неверојатни 19 албуми, го почнавме со прашање за роденденската желба. И таа во полноќ замислила желба, а истакнува дека се труди да има што помалку погрешни. ” – пишува Телеграф.

– Желбите ги замислувам во текот на целата година, зависат од личното расположение, потребите и размислувањето. И, она најважното, затоа и се вели замислуваш желба да не би ја споделил со сите. Некои се вистински, некои никогаш не се исполнуваат, а некои се исполнуваат. За поедини со текот на времето сфаќате дека биле погрешни. Она што е типично за моите години, или барем би требало да биде, е тоа што имам што помалку погрешни желби.

Овој роденден, нажалост, нема да го прославиш како што доликува. Дали прославата ќе следува накнадно?

– Овој роденден ќе го одбележам баш каква што е и 2020 година, под маски.

Имаш здравје, здраво и големо семејство, име кое значи. Дали е полесно да се носиш со годините кога си како ти остварен, или и тебе како на многу жени не ти е сеедно кога се зголемува за еден број?

– Без желба да паметувам, кога би го поделила својот успех со бројот на години, би рекла: “Боже фала ти за се”. Живееме во времиња кога успех не е само успехот, парите, кариерата, туку здравјето, семејството и долгогодишните пријателства, а фала Богу го имам сето тоа.

Колку чинеше прославата за раѓањето на внукот на Цеца? - Алфа ТВ

46тата година ја испрати, а во неа се содржаа многу убави денови и случувања. Најважно, се роди еден нов живот. Сепак, постои ли нешто што ти недостигаше?  

– Повеќе сакам кога гледам наназад да размислувам за тоа што сум го имала. Во последната година секако тоа би била венчавката на мојот син Вељко и снаата Богдана, како и доаѓањето на свет на мојот внук Жељко.  

Тешко е некому кој има се да му подариш нешто единствено. Можеш ли да издвоиш еден поклон кој од сите години наназад досега ти останал најдраг?

– Не, тоа никако не би можела. Сигурно би заборавила голем број поклони кои во дадениот момент многу ми значеле, а многу често не е важно што е поклонот, туку гестот кој не усреќил.  

Кога ќе погледнеш зад себе, што сметаш дека би можела поинаку, подобро или повеќе? Постои ли нешто поради што искрено се каеш, затоа што не си го направила или си го направила?

– Кога така би гледала би го поминала животот во минатото. Еднаш некој изговорил – ако сме задоволни каде сме сега, се што ни се случило и сите оние луѓе кои поминале низ нашиот живот направиле да бидеме такви какви што сме денес. Мислам дека би била неблагодарна, па дури и себична, да сум незадоволна, а дека некои работи можеа да бидат помалку болни – можеа.

Како мајка, сестра, ќерка, тетка, пејачка, не може да се каже дека нешто ти фали. Дали ти фали нешто како жена? Може ли љубовта од семејството да ја надокнади машката љубовта и поддршката?

– Целата таа љубов не исполнува, но тоа се различни видови љубов и една не може да ја компензира другата.

Цеца првпат по 20 години зборува за убиството на Аркан - Ден

Дали некогаш си се изморила од тоа да им бидеш и мајка и татко на своите деца, колку патеше поради тоа што немаш машка потпора покрај себе и дали со годините болката се намалува или зголемува?

– Никогаш не сум се уморила да им бидам родител на своите деца. Она што секој родител може да го каже, колку и да е родителството напорно и предизвикувачко, секогаш е убаво и го третирам како благослов.  

Што најмногу те повредувало во животот и што денес може најмногу да те допре? Заминувањето на драгите луѓе, предавството, неуспехот на било кое поле?

– Судбината нашите животи да ги напуштат нам драги луѓе, но не бидејќи не се веќе меѓу живите, туку бидејќи за нас се мртви.

Што е тоа што луѓето, и покрај твојата медиумска изложеност, не го знаат за Цеца? Ги криеш ли емоциите во своите четири ѕида како би се заштитила од некои работи и луѓе?  

– Немам што да кријам, кога читам по медиумите и како прекажуваат што се се случува во моите четири ѕида, опишуваат толку детално како да се во мојот фрижидер, бања, дневна соба, па и во креветот. Единствено што е заедничко е дека сите тие работи се невистина, но со текот на времето отрпнав и се уморив да ги демантирам сите тие мои “тајни”.

Цеца го откри новиот член во нивниот дом | Zazabava.com

Кога ќе излезе нов албум и какви се шансите да во наредната година го прославиш роденденот со својата публика на долгоочекуваното Усје 3?  

– Некој да ме прашаше какви се шансите целиот свет да биде затворен неколку месеци во своите домови, би рекла дека тоа е невозможно. Ако ништо друго, короната не научи да живееме во сегашноста, да сакаме подобра иднина, но да не губиме време на планирање. Секако дека би го сакала тоа, ќе видиме што носи судбината.  

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag