5 корисни намирници од кујната кои ќе ви го олеснат животот после долго журкање

popara25 мај, 20201min00
Screenshot-2019-12-31-at-21.39.15-790x570

1.     На прво место, знаете веќе и сами е вода! Најважна работа после добра журка е да го рехидрирате своето тело и кожа, затоа, внесувајте многу вода во својот организам и на својата новогодишна “резолуција” допишете – пиј многу вода!

2.     Утрово се погледнавте во огледало и се преплашивте? За подочњаците како од хорор филм, искористите краставица или компир и отокот под очите брзо ќе исчезне.

3.     Ќе ви откриеме таен рецепт за чудесна маска од освесни снегулки која испробано делува. Запишете си го овој рецепт некаде и пренесете го на следните генерации, од колено на колено. 1 чаша со сварени овесни снегулки помешајте со 4 мали лажички мед и 1 децилитар млеко. Нанесете ја смесата на лицето и на вратот и оставете да се исуши. По отстранувањето со топла вода, уживајте во резултатите. Имено, медот помага за хидратација, млечната киселина има дејство на благ пилинг, додека пак овесната каша ги смирува сите воспаленија на кожата.

4.     Медот исто така има супер антибактериски моќи па е препорачлив за мозолчиња. Можете да го нанесете на секое мозолче поединечно или да го помешате со павлака и да го искористите како маска.

5.     Морските алги во прав веруваме дека не секој од вас ги има во своето ормарче, но можеби и треба. Освен како суплемент за смути, може да послужат и како главна состојка во суперделотворната дитокс маска која делува и како лимфна дренажа. Помешајте 1 децилитар маслиново масло, 3 големи лажици прав од алги, 5 големи лажици морска сол и 2-3 капки есенцијално масло од лаванда. Помешајте и масирајте го цело тело со мешавината.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag