5 причини зошто жените сѐ помалку се одлучуваат за брак

popara31 мај, 20201min00
imageedit_34_5709378492

Пред неколку децении, постоела многу добра причина зошто се подразбирало дека една жена треба да се венча, а тоа е бидејќи мажите им пружале работи што им биле неопходни. Жените немале шанси за самостојна работа. Но, со доаѓањето на новиот милениум, жените сѐ помалку имаат потреба од венчавање. Еве неколку причини зошто тие сега дури и го избегнуваат бракот:

  • Нема толку добри мажи како порано

Многу жени тврдат дека типот на мажи драстично се сменил со текот на годините и повеќе нема мажи кои се толку добри во бракот. Тие велат дека сѐ повеќе мажи стануваат летаргични, не се грижат и борат за своите жени.

  • Жените си се доволни и самите на себе

Истражување спроведено во 2010 год. открива дека само во САД, за прв пат во историјата има повеќе вработени жени отколку мажи. Тоа значи дека тие се сега на чело на работната сила. На женската популација веќе не им е потребно да се во брак за да преживеат и тоа драстично ја намалува популарноста на бракот.

  • Брачната институција е застарена и жените тоа го знаат

Илјадници години наназад, бракот опстанувал од економски и политички причини, често договорен од страна на фамилијата. Бракот од љубов не бил честа појава. Некогаш бракот се случувал бидејќи еден од сопружниците доаѓал од богато семејство, но тоа веќе не е случај. Дури 44% од младите сметаат дека бракот е застарен.

  • Многу од мажите се плашат од успешни жени

Се вели дека машкоста е лесно кршлива и некои мажи имаат застарени традиции, како на пример дека се главата на куќата па кога жената има еднаква моќ како нив, тие се чувствуваат инфериорни. Секако не сите мажи се такви и како поминуваат генерациите овие традиции се заборааат, но жените сеуште страдаат од вакви бракови.

  • Опуштените врски стануваат популарни

Некогаш опуштените партнери без обврски биле само за забава и на нив се гледало како нешто минливо. Сега, живееме во ера на апликации за запознавање и врски, и тие го олеснуваат овој процес. Затоа многу жени избираат да се гледаат со некого без многу врзување за нив.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag