Секако дека ги сакаме нашите момци, но некои навики буквално нè излудуваат, и тоа не позитивно! Слободно можете да ја споделите оваа статија на Фејсбук и да му дадете до знаење што навистина ние жените размислуваме за некои типични машки однесувања!
Доцнење
На секому може да се случи понекогаш да доцни некаде, но ако ние можеме редовно да бидеме подготвени во договореното време, тогаш и тие би можеле да бидат. Значи, ако сте се согласиле дека треба да ве собере во 22:00 часот, тоа не значи дека треба да го напуштите станот во 22:00 часот!
Господин Сезнајко
Сите знаеме дека секогаш сакате да делувате паметно и информирано, но навистина нема потреба за глумење. Знаеме дека не знаете сè, а некои работи е нормално да не ги знаете, затоа престанете да се преправате дека сте сезнајковци.Не мора да бидете капакот на секое тенџере!
“GPS мастер“
Сите понекогаш знаеме да се изгубиме во просторот, особено на место на кое никогаш не сме биле. Престанете да се преправате дека секогаш знаете каде сте и барајте насоки за да стигнеме некаде на време барем еднаш!
Чекање одговор на порака
Ако ви испратиме порака, тогаш одговорете ја кога ќе видите, особено ако нешто е важно или итно. Знаеме дека мултитаскингот не е ваша силна страна, но извинете му се со кого и да сте излезени во моментот и одвојте барем неколку секунди за да го напишете одговорот!
Видео игри
Видео игрите се закон и сите ги сакаме, но запрашајте се дали е нормално да претерувате. Вие поминувате 3 пати повеќе време во друштво на “World of Warcraft” отколку во наше друштво. Пораснете веќе еднаш!
Коментирање други жени
Нас ни е јасно дека ги забележувате, но коментарите како „добра риба“ не се само одвратни, туку не се воопшто забавни, особено кога сме ние присутни!