7 тајни за совршената фигура на Емили Ратајковски: Што и да правите, мора да чувствувате радост!

popara12 април, 20203min00
216337_profimedia0510324145_ls

Фигурата на Емили Ратајковски е предмет на восхит на милиони луѓе од целиот свет…

Тенките нозе, дефинираниот стомак и задникот се извонредни кај овој модел. Во неодамнешното интервју, Емили постојано инсистираше на тоа дека нејзиниот изглед се должи на генетиката и метаболизмот, но исто така потенцираше дека постојано работи на себе, настојувајќи да ги подобри своите рутини и да се грижи за квалитетот на нејзината исхрана и на својот живот.

Еве ги 7те тајни на нејзиниот изглед

Печиво за појадок

Ако го погледнеме нејзиниот рамен стомакот, тешко дека ќе поверуваме дека таа некогаш оди во слаткарници или пекари, но тоа е вистина. Манекенката изјавила дека нејзиниот утрински ритуал вклучува чаша силно црно кафе, проследено со кроасан или кифла. Покрај тоа, таа истакна дека е многу добро да се задоволи потребата од јаглени хидрати рано наутро, затоа што тоа ќе го олесни придржувањето кон вашиот режим до крајот на денот.

Голема волја

После утринскиот кроасан, Емили не дозволува сама да се отстапи од нејзиниот план за исхрана. Најголем проблем е кога има снимање. Имено, скоро секогаш снимањата вклучуваат вкусна храна, а во тие моменти таа ја води најголемата борба. Кога служат храна, секогаш избира салата или свежо овошје, игнорирајќи ги искушенијата што ја опкружуваат од сите страни.

View this post on Instagram

Miss u summer

A post shared by Emily Ratajkowski (@emrata) on

Изобилство на протеини

Емили никогаш не помислила да се откаже од месото и да се префрли на вегански животен стил. Манекенката секако се грижи за нејзиниот внес на протеини, кои играат голема улога во нејзината исхрана, притоа придонесувајќи за целокупното здравје на нејзиното тело. Покрај тоа, Емили обожува месо, а особено пилешко или говедско месо.

Физичка активност

И покрај нејзиниот зафатен дневен распоред, Емили секогаш наоѓа време за спортски активности. Всушност, таа комбинира неколку видови физичка активност – Пилатес, пливање, танцување и многу други активности. На овој начин, таа ги користи сите групи на мускули, добивајќи совршена фигура и силно тело во исто време.

Вечера во ресторан

За Емили, јадење во ресторан не е само поради глад, туку и за дружење. Речиси секоја вечер, Емили се среќава со своите пријатели или излегува на романтична вечера со сопругот. Како оброк, таа избира тестенини, месо со зеленчук или суши.

Сон и вода

Емили пие до три литри вода секој ден. Како што вели таа, неопходна е за добар метаболизам, како и за чиста кожа. Покрај тоа, таа има јасна дневна рутина, и ако не мора да оди на вечерен настан, се обидува да легне рано и да спие осум до девет часа.

Без напорни мерки

„Што и да правите, мора да чувствувате радост“, изјави Емили. Ако правилно јадењето станува тортура за вас, веројатноста за напуштање на тоа значително се зголемува. Главниот принцип на Емили е да ги слуша сопствените желби – ако сака да излезе на вечера или да јаде колачи, таа нема да се одрече од тоа задоволство.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag