8 игри кои ќе ве излудат и вас и вашиот партнер!

popara26 јули, 20202min00
136

Знаеме дека ситуацијата не е идеална. Но, нема причина да не се обидете  да го извлечете најдоброто од тоа. Нема причина да се откажете од патувањето (можеби не можете да одите во Бали, но ние сме потполно сигурно дека Македонија нуди повеќе од доволно убави дестинации што содржат сè што ви треба). Исто така, нема причина да не се опуштите максимално со вашиот партнер.

Еве неколку наши предлози:

Влажни игри

„Двојките кои играат заедно имаат најдобри сексуални односи“, изјави Глорија Браим, автор и сексуален терапевт.„Би било идеално да имате сопствен базен, но подеднакво, па дури и повозбудливо би било,  да имате некое ваше скришно место или езерце каде би можеле да пливате голи. Иако сексот на море е ризичен поради зголемениот ризик од инфекција на уринарниот тракт, малку предигра на море нема да ви наштети. Дури и ако имате сопствен базен, не би било лошо да земете силиконски лубрикант со себе“, советува Алеида Хаинц, клинички сексолог, пренесува 24sata.hr.

Без долна облека

Ако сакате да се почувствувате посекси, облечете фустан, но без долна облека. Веднаш ќе се чувствувате попривлечни, а исто така ќе почувствувате и наплив на сексуална енергија. И, ако ги споделите тие информации во шепот со партнерот, ќе го вовлечете и него во вашето сексуално расположение.

Бикини на врзување

Еве една секс играчка која има двоен ефект – опрема за плажа и топли летни ноќи.„Искористете го вашето бикини за да му ги врзете нозете или рацете на партнерот! Ниту вие, ниту партнерот никогаш повеќе нема да гледате бикинито со исти очи“, објаснува Браим.Направете ги вашите летни денови повозбудливи. Скоро сите, во текот на летните месеци, прават скара во текот на месецот, или мал собир на пријатели. Колку и да им се радувате, ваквите настани понекогаш знаат да бидат многу заморни.  Забавувајте се вие и вашиот партнер. Извлечете се од толпата и имајте еден брз секс, можеби на отворено.

Ментолот не е само за здивот

„За време на жешките и спарни летни ноќи, излижете неколку ментол бонбони пред да му пружите на партнерот орално задоволство. Ментолот што останува во устата ќе го наежи вашиот партнер и ќе му пружи огромно задоволство“, вели Хејнк.

Подигнете го пикникот на повисоко ниво

Заборавете на стариот трик со коцки мраз и пробајте нешто ново, како што се семките од диња или лубениците од замрзнувачот. Земете семки и искористете ја за да ги преминете ерогените зони на партнерот.

Изнајмете соба

„Изнајмувањето соба во хотел или мотел е идеален летен начин за вас и вашиот партнер да се ослободите од секојдневните рутини и да одвоите време за да се посветите едни на други“, советува сексуалниот терапевт Кристин Милрод. „Но, постапете како да сте целосен странец и оставете ги игрите да започнат! Сепак, летните љубовни романи се засноваат на луди страсти кај целосните странци “, објаснува Милрод.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag