Станислас Вавринка и Беноа Пер продолжија со сега традиционалната програма, Instagram live, каде зборуваат за многу работи.
Во добата на корона, нивните разговори станаа вистински хит на социјалните мрежи.
Францускиот и швајцарскиот тенисер дискутираат на голем број теми, не само за тенисот.
Поточно, Вавринка го праша Пер „дали некогаш си имал секс еден час пред тенискиот натпревар, а кога следел потврден одговор, Швајцарецот баш се заинтригирал.
„Каде, кога, со кого?“, праша тој
„Не кажувам ништо повеќе“, одговара Пер.
„Кажи ми барем во кој град?“, продолжи Стан
„Во многу градови“, одговори Пер, по што Вавринка го замоли да му каже барем еден град:
„Во Париз“.
„Значи, имаше секс во соблекувалната?“, продолжи Вавринка.
„Не, затоа што знаеш дека во Париз хотелот е во близина.
Пер и Вавринка се долгогодишни пријатели и разговараат скоро секој ден на Instagram live, кои првично ги следеле 2-3 илјади луѓе, а сега во еден момент ги слушаат над десет илјади.