Адел е опседната со слабеење: Фановите се загрижени за нејзиното здравје, сигурни се дека е на чекор од анорексија!

popara18 февруари, 20201min00
adele

Иако ја покажува својата нова фигура, откако изгуби 45 килограми, јавноста остро ја критикува. Поради последните фотографии, фановите се сигурни дека Адел се опседнала со изгледот и слабеењето.

„Откако ослабе, исчезна насмевката од нејзиното лице. Ова не е старата Адел“, гласи еден од коментарите.

Пејачката е фотографирана додека излегува од еден фитнес центар и се чини дека секој ден станува сè послаба.

Насмевката по која е препознатлива не е ни видлива на овие фотографии.

Кружат приказни дека одлучила целосно да го елиминира шеќерот од нејзината исхрана за да не се најде во ситуација повторно да се здебели.

„Нејзиното исушено и бледо лице кажува доволно за нејзиното здравје“, додаде еден од обожавателите во полемиката околу изгледот на пејачката.