Експертите велат дека конечно знаат кој е клучниот елемент што открива дека жената изневерува. Ако има вкоренето мислење дека мажите измамуваат „затоа што можат“, а жените кога се запоставени и несакани, таа генерализација, како и секоја друга, не е секогаш вистинита. Жените, како и мажите, изневеруваат од различни причини, а она што ги обединува двата пола е тоа што сакаат да знаат дали се измамени. И научниците сега тврдат дека имаат начин да им помогнат на мажите да го сфатат проблемот.
Студијата во 2013 година наречена „Човечки женски оргазам како еволуиран сигнал: Тест на две хипотези“ беше спроведена врз 138 жени и 121 мажи кои се во хетеросексуална врска. Испитаниците одговориле на низа прашања во врска со нивниот сексуален живот. Мажите одговориле на прашањето колку често нивниот партнер доживува оргазам, а жените колку често нивните оргазми се вистински, но и колку интензивни. Кога одговарале на остатокот од прашањата за нивната можна прељуба, научниците исто така заклучиле дека колку почесто жената во врска глуми оргазам, толку е поголема веројатноста таа да го изневерува својот партнер.