Ако и вие го носите овој летен додаток во вашата торба, извадете го веднаш: Експертите велат дека може да биде опасен

popara8 август, 20201min00
lepeza

Поради актуелната состојба, организаторите на овогодинешниот Фестивал на култура во Салзбург применуваат најстроги мерки за превенција, вклучително и забрана за употреба на лепези за време на претаставите.

– Инфективните аеросоли што инаку би ги извлекол климатизерот можат да се распрскаат со лепезите, а ние сакаме да го спречиме тоа – ја објасни оваа одлука директорот на фестивалот, Лукас Крепаз.

Организаторите предупредуваат за забраната за употреба на лепези на неколку јазици преку разглас пред почетокот на настапите.

Зошто лепезите се опасни?

Иако сè уште нема докази дека коронавирусот САРС-КоВ-2 може да се шири со вентилација, многумина ги наведуваат лепезите и вентилаторите како фактори со висок ризик што можат да помогнат во ширењето на вирусот.

Употребата на вентилатори и индивидуални лепези во затворени простории каде има повеќе луѓе може потенцијално да го олесни ширењето на заразените капки.

Ова значи дека ако некој што го има вирусот кашла или кива, а некој во собата се олади со лепеза, тоа би можело потенцијално да ги шири капките подалеку отколку што инаку би се распрснале.

Што се однесува до клима уредите, д-р Лиза Барет, специјалист за заразни болести на Универзитетот во Далхаус, истакнува дека тие не се главниот механизам на ширење.

Сепак, лепезите, вентилаторите, па дури и фен за коса можат да бидат многу поопасни бидејќи го расфрлаат воздухот во затворено многу поочигледно.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma