Состојки:
- 1 филџан зелен чај (сварен и оладен)
- 1 лажичка кокосово масло
- 1 лажица мед
- 10 капки масло од чајно дрво
- 30 ml вода
- 2 лажици течен природен сапун
Подготовка:
Измешајте ги сите состојки освен сапунот. Добро измешајте ги додека не се соединат, па додадете го течниот сапун. Продолжете да мешате. Доколку соединувањето тешко ви оди, можете да употребите рачен миксер.
На мокра коса нанесете го шампонот и оставете да отстои 5 минути, а потоа на врвовите нанесете регенератор. Исплакнете ја косата.