Хидратацијата на зоната околу очите е многу важна, доколку не сакате на тоа место да ви се појават брчки предвреме
Стареењето на кожата и појавата на брчки е неизбежна во еден момент, но за да го продолжите периодот без нив, кожата мора да биде доволно хидрирана и негувана.
Маските што можете сами да ги направите се одличен додаток за нега, покрај кремовите.
Најмногу поради тоа што се на природна база и никако не можат да ви наштетат, а освен тоа, ги правите сами, па точно знаете кои состојки ги користите.
Со оваа маска ќе ѝ ја вратите еластичноста на кожата околу очите, а темните кругови ќе бидат минато.
Бадемово масло и мед
Оваа маска, освен што ќе ви пружи хидратација, ќе ви помогне и во отстранувањето на темните подочници и „пеглањето“ на ситните брчки. За најдобри резултати користете ја 2 пати неделно.
Измешајте една лажица масло и една лажица мед.
Нанесете ја пределот под очите и оставете ја така неколку минути и потоа измијте ја.
Маска од кафе
Оваа маска им е омилена на многу жени. Таа ја намалува отеченоста околу очите. За приготвување ќе ви треба лажиче кафе и лажиче мед.
Измешајте ги и нанесете ги, а потоа оставете ја да дејствува околу 10 минути. Потоа, измијте ја и можете да го додадете кремот што го користите за пределот околу очи.
Овие маски најдобро е да ги нанесувате пред да одите на спиење.