Чајот се пие пет дена, а потоа се прави пауза од 10 дена
Познато е дека чајот од магдонос е многу здрав, а се користи во третманот на воспаление на уринарниот тракт, заболувања на бубрезите, а се препорачува и за губење на тежината.
Секако, самиот чајот нема да биде доволен, па мора да следите некои основни правила за да го добиете посакуваниот ефект.
Правила за подготовка и консумирање чај од магдонос:
1. Направете чај исклучиво од свеж магдонос
2. Пијте го со додавање на сок од лимон
3. Конзумирајте го секој 5 дена за ред, а потоа направете пауза од 10 дена.
4. За време на периодот на пиење чај – вежбајте. Доволно е половина час прошетка секој ден.
5. За време на периодот на пиење чај, елиминирајте ги слатките, преработените производи од вашата исхрана и јадете само зготвена, чорбеста храна.
6. За време на периодот на пиење чај, пијте многу вода (околу 3 литри дневно).
7. Во текот на денот, испијте половина литар чај.
8. Не се препорачува јадење по 18 часот.
Како се подготвува?
Во врела, зовриена вода, додајте грст ситно сецкан свеж магдонос. Тргнете ја водата од плочата за готвење и покријте го садот. Оставете го чајот да се излади. Исцедете, па пијте од чајот со додавање на сок од лимон (никогаш не засладувајте со шеќер или мед).