Актерка го разоткри вистинското лице на Том Круз во скиентологијата!

popara30 јули, 20201min00
tom

Американската актерка која беше во улога на Кери во популарната серија “The King Of Queens”, 50-годишната Леа Ремини, го обвини нејзиниот колега, 58-годишниот Том Круз, за манипулирање со неговиот јавен имиџ на добар човек преку контроверзната црква на скиентологијата, додека во реалноста, тој е далеку од тоа, пишува usmagazine.com.

Ли верува дека јавноста не ја знае вистинската приказна зад скиентологијата и улогата на Том во неа. “Мислам дека луѓето треба да започнат да се будат и да ги прифаќаат вистинските факти. Том манипулира со години во создавање на својот имиџ на добар човек. Иако верувам дека имаше време кога Том беше добронамерна личност, тој оттогаш стана Дејвид Мискавињ, лидер на скиентологијата и е целосно посветен на нејзината мисија, а тоа е да ја „исчисти“ планетата Земја – што значи да се претворат 80 проценти од населението во скиентолози“, рече актерката.

Tom Cruise

„Том се извлече со приказната дека е „добар човек“ затоа што тоа е она што го сакаше скиентолошката црква – да создаде добар углед за нив во светот, да се слушне што е можно повеќе за овие „добри“ дела. Том со години ги користеше скиентологијата и неговите соработници и вработени за да ја изврши својата валкана работа”, рече Лиа.

Самата Леа беше еден период во скиентолошката црква, но ја остави во 2013 година. Оттогаш таа се посвети на изложување на скиентологијата и ја презентираше пред јавноста во вистинско светло, но тоа не помина незабележано. Во јули минатата година, актерката дека скиентолошката црква ја следи и шпионира, а црквата тоа жестоко го негираше.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma