
Актерката Били Пајпер, која на јавноста и е позната по улогата во серијата Др. Кој, го сруши рекордот за најдолга мастурбација на британската телевизија, пишува Метро.
Пајпер мастурбираше седум минути и четири секунди за време на четвртата епизода од серијата Ја мразам Сузи, во која игра лик на неуспешна поп-ѕвезда чии хакери ја уништуваат нејзината кариера откако објавија нејзини разголени фотографии.
„Жените кои мастурбираат ретко се гледаат на телевизија и затоа е вистинско освежување да се види толку долга и животописна сцена“, изјави извор за „Сан“.
„Били е една од продуцентите на серијата и беше упорна во нејзината цел“, додаде тој.
Во интервју за Радио Тајмс, Пајпер откри дека е многу горда на себе.
„Некој ми рече дека сум првата жена што доживеала оргазам на Би-Би-Си и среќена сум поради тоа“.
Сцената наскоро стана предмет на дискусија на Твитер, а некои гледачи истакнаа дека сметаат дека ова не треба да биде врзано за поимот порнографија.
“Четвртата епизода од Ја мразам Сузи е многу добра! Многу реално и важно истражување на женските желби, мастурбација, фантазија “, напиша еден коментатор.
“Зошто сите зборуваат за сцената на мастурбација како да е само чиста порнографија? Тоа е истражување на психата и сексуалниот идентитет на главниот лик”, напиша друг коментатор.