Актерот Џим Кери беше во врска со актерката Рене Зелвеж пред две децении, а сега тој призна дека на некој начин тој сè уште не ја преболел.
Имено, актерот посочи дека Рене е „навистина посебна за него“, за време на интервју за странски медиуми, откако во сатирична биографија откри повеќе детали за нивната врска.
„Точно е дека Рене беше посебна за мене, многу посебна. Дури и денес, мислам дека е многу драга “, призна тој.
Патем, колку му е важна, тој откри и во својата биографија „Мемоари и дезинформации“, каде отворено зборува за нивната врска и колку таа му е се уште драга.
Потсетуваме, Џим и Рене беа заедно една година откако се запознаа додека го снимаа филмот „Јас, јас и Ирина“. Сепак, тие се разведоа во 2000 година.