Канадскиот пејач Брајан Адамс е прогласен за расист откако на социјалните мрежи ги обвинил Кинезите за пандемијата од коронавирус.
“Денес требаше да ја почнам турнејата, но благодарение на е**ните алчни гадови од живите пазари кои јадат лилјаци, цел свет е ставен на чекање, а да не ги спомнувам сите оние кои се разболеа или починаа од коронавирусот”, напишал Адамс на Твитер и Инстаграм.
Адамс ја искористил приликата да промовира и веганска исхрана која и самиот ја практикува веќе подолго време.
“Мојата порака за нив, освен е**но благодарам е- станете вегани!”
Откако неговиот твит собрал многу негативни коментари, истиот е избришан за брзо бреме.