Алек и Хиларија Болдвин не се откажале од своето петто дете. Четири месеци откако Хиларирија го изгуби своето второ бебе во седмиот месец, повторно дознала дека е бремена.
„Ќе оставам бебето да зборува затоа што немам зборови со кои можам да опишам како се чувствуваме поради овој звук“, напиша 36-годишната во описот на видеото во кое се слушаат срцевите отчукувања на бебето.
„Само што слушнавме среќна вест, сè е добро и бебето е здраво“, додаде сопругата на 62-годишниот холивудски актер Алек Болдвин, со која има четири деца. Во бракот ги добија шестгодишниот Кармен Габриел, четиригодишниот Рафаел Томас, тригодишните Леонард Ангел Чарлс и Ромео Алехандро Давид кои во мај ќе наполнат две години.