Додека 51-годишната пејачка Џенифер Лопез се подготвуваше да даде се од себе за да се израдува со настапот во Супербол 2020, нејзиниот свршеник Алекс Родригез не сакаше, вели тој, да се справи со неа. Скоро седум месеци откако Ј.ЛО и Шакира го „кренаа“ стадионот во Мајами со нивниот настап, се појавија неколку детали за тоа како помина тој настап кој ќе се памети со години, а можеби и засекогаш.
„ Отидовме во теретана тоа утро и јас ја возев и таа разговараше со мене. Ја игнорирав. И реков дека ова е нејзиниот ден и дека фокусот мора да биде на перформансот што сака да го направи совршено. Не можев веќе да го трпам тој стрес. Иако ми рече дека сè уште можам да разговарам со неа, и реков: ‘Не, Џен! Не сакам да разговарам со тебе “, рече пензионираниот бејзбол играч. „Тоа беше најстресно време за Џен затоа што целата програма помина во живо и таа се плашеше дека нешто ќе тргне наопаку“, додаде тој и конечно заклучи дека е горд што сè испадна точно како што треба.