Амал и Џорџ Клуни за детска куќичка за во двор потрошиле цело богатство-ангажирале дизајнери од Белата Куќа!

popara13 април, 20201min00
dz

Џорџ Клуни и неговата сопруга Амал издвоиле околу 80 000 евра за детска куќичка за во двор во која ќе си играат нивните двегодишни близнаци Ела и Александар.

Куќичката за играње ќе биде реплика на нивниот семеен дом. Ќе има два ката, функционална кујна и купатило со проточна вода.

Пред куќичката ќе има жирафи во природна големина, како и зиплајн кој децата ќе можат да го користат.

За да можат да им обезбедат игралиште од соништата, парот ангажирал дизајнери на ентериер кои ја имаат дизајнирано Овалната соба во Белата куќа.

Парот до сега потрошил речиси милион фунти за реновирање на куќата во Калифорнија, потполно опремувајќи го базенот и зградата во која живее нивниот помошен персонал. Извор близок на парот кажува дека тие двајца се свесни дека тоа што го прават е екстравагантно, но едноставно го сакаат најдоброто за нивните деца.

Дека не мислат само за себе, говори и фактот дека Џорџ Клуни и Амал во борбата против коронавирусот донирале околу милион долари.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag