Новак Џоковиќ е честа мета на тенискиот новинар од САД Бен Ротенберг. Овој пат новинарот го критикувал најдобриот тенисер на светот поради помошта за време на пандемијата на корона вирусот за нискорангираните тенисери.
Џоковиќ заедно со другите тенисери, кои според светската тениска ранг листа се наоѓаат на првите 100 места, предложиле да им се помогнат на тенисерите кои се наоѓаат под 250-то место на ранг листата.
Сепак новинарот на Њу Јорк Тајмс го критикувал Ноле поради неговиот план, според кој требало да се донира само 30 000 долари.
„Планот на Џоковиќ бил да донира 30 000 долари. Но тој во кариерата има заработено повеќе од 100 милиони. Донацијата е отприлика половина од она што ќе го добие ако изгуби во првото коло на Австралија Опен.“ – изјавил Ротенберг за Тенис Мејџорс и продолжил:
„Наместо тоа, го освои Австралија Опен и заработи 3 милиони, а сака да донира само 30 000 долари. Системот на донација би требало да биде многу подобар.“