Американски доктор откри што се случува доколку пациентот по втор пат се зарази со корона вирус

popara16 јули, 20201min00
korona

Сè уште не знаеме многу за имунитетот што се создава по Ковид-19, но јас бев во можност да дадам одговор на ова и гласи: „Да, можете да се заразите двапати“, вели д-р Клеј Акерли од Вашингтон во неговиот текст објавен на Vox.com.

Ковид-19 исто така може да ви влијае многу полошо кога ќе се заразите по втор пат. Имено, за време на првата инфекција, мојот пациент имаше само блага кашлица и болки во грлото. Втората инфекција беше многу полоша и вклучуваше висока температура, краток здив и хипоксија,и тој мораше да биде хоспитализиран.

Неодамнешните студии, но и размената на искуства со моите колеги, покажуваат дека случајот на мојот пациент не е единствен. Имам пример на двајца пациенти од Њу Џерси кои се заразија втор пат, два месеци по закрепнувањето од првобитната инфекција.

Можно е, но многу малку веројатно, дека мојот пациент имал инфекција која траела три месеци. Имено, има се повеќе и повеќе случаи на пациенти кои со месеци се борат со симптомите на инфекцијата.

Сепак, не би рекол дека тоа е случајот со мојот пациент затоа што тој по првата инфекција имаше два негативни тестови за PCR и беше целосно здрав шест недели.

Верувам дека тој целосно да се опорави од првата инфекција, а потоа повторно се зарази. Тој по првата инфекција не можеше да направи тест на антитела, така што не знаеме дали неговиот имунолошки систем имаше одбрана.

Сепак, неколкуте студии што досега се занимавале со закрепнување на пациентите, покажуваат дека не сите пациенти развиваат антитела по инфекцијата. Некои пациенти, особено оние кои биле асимптоматски, губат антитела веднаш штом ќе се опорават.

Повторната инфекција не е редок случај кај вирусите, а особено кај коронавирусите, така што во повторната инфекција нема ништо изненадувачки.

Во моментот, не знаеме каков имунитет се создава по Ковид-19, или колку трае тој. Има некои охрабрувачки вести, особено поврзани со одговорот на Т-клетките, но сè уште знаеме малку за тоа.

Она што е проблем е личниот, но и колективниот имунитет. Затоа што ако има многу пациенти како моите, а веќе има, тогаш тоа значи дека тешко можеме да сметаме на колективен имунитет.

Ова е лоша вест затоа што се потпиравме на колективниот имунитет. Воедно, ако нема колективен имунитет и има случаи луѓе повеќе пати да заболат од вирусот, ќе мора да се бара друг излез.

Има многу луѓе кои се опуштаат откако го прележале корона вирусот, бидејќи веруваат дека имаат имунитет. Случајот на мојот пациент и случаи слични на неговите покажуваат дека не смееме да се опуштаме. Поради сето ова, важно е сите да носиме лична заштита цело време, да се дистанцираме, да дезинфицираме површини, да ги тестираме луѓето. Не можеме да се потпреме на колективниот имунитет, а што се однесува за вакцината допрва ќе видиме.Ова е нов вирус, ние секој ден учиме нешто ново и мора да се прилагодиме на тешки факти на кои не сметавме досега. Едно од нив е секако дека не можеме да сметаме на колективниот имунитет- заклучува д-р Клеј Акерли.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag