Аммика Харис,мајката на детето на Крис Браун навести дека тие се повторно заедно со овие приватни фотографии!

popara3 јуни, 20202min00
kris

Оваа недела, Аммика Харис на социјалните мрежи сподели неколку приватни фотографии, меѓу кои и специјален цртеж во кој се навести дека навистина е повторно со  таткото на бебето, Крис Браун. Манекенката, која моментално е во Германија со своето бебе Аеко, објави фотографија на својот Инстаграм профил,а воедно таа исто така сподели прекрасен цртеж на пар кој се држи за рацете, а фановите веруваат дека тоа е портрет на неа и Крис.Описот на фотографијата беше: “Мило ми е што те најдов”. На другиот пост, таа напиша: “Ризикувајте и тргнете по она што го сакате!”,

Еден обожавател, кој едвај чека да го види парот заедно,прашал: „Убавице, дали ќе се преселиш во Лос Анџелес, откако ќе се смири ситуацијата?“

View this post on Instagram

Glad I’ve found you

A post shared by Ammika Harris (@ammikaaa) on

Едно лице, кое се чини дека знае за приватниот живот на Аммика, рече: „Таа не е државјанка на САД, таа беше на работна виза, но таа истече минатата година, и ќе мора да почека Аеко да има 18 години за да добие зелен картон за да живее во Лос Анџелес, па дури и ако се врати ќе може да остане само три месеци и  ќе мора да си отиде пак.

Друг обожавател изјави: „Вие  не знаете ништо за законите за имиграција. Направете некои истражувања најпрво и ако јас сум во право, таа е веќе американски државјанин или има двојно државјанство. Се сомневам дека овие информации што ви се дадени се точни, има толку шпекулации за оваа девојка и никој всушност не ја знае вистината. Најдобро да се слушнат директно од личноста, тогаш тоа се валидни информации. Како е со него кога целиот свет е во карантин?“

Еден извор неодамна зборуваше за Hollywood Life и го откри ова: „Крис и Амика дефинитивно повторно се исконтактираа за време на карантинот, бидејќи тие се во можност да се фокусираат едни на други без толку многу дистракции од надворешниот свет. Крис и Амика имаа многу работи што се случуваа кога замина во Германија, па изолацијата им овозможи да се запознаат подобро. Отсекогаш правеле FaceTiming за Крис да може да го види Аеко и да добие новости за тоа што прави неговиот син, но во исто време  тој и Амика се поврзуваат повеќе и затоа овој период беше совршен за нив “.

Ќе се смират ли Крис и Амикка?

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma