Велат дека жените обично ги менуваат фризурите и бојата на косата кога им се случува пресврт во животот. Но прпадничките на естрадата некако тоа почесто го прават за да им бидат поинтересни на фановите, а и уникатни на сцената.
Бевме сведоци на разводот на пејачката Ана Кокиќ и ватерполистот Никола Раѓен, а потоа парот не се појавуваше често во јавноста. Тие останале пријатели поради своите две ќерки и имаат само убави зборови еден за друг, бидејќи разводот не значи лош однос и намалена подршка за партнерот во иднина.
Пејачката со години го негува имиџот на долга плава коса по кој е препознатлива и никогаш не го менувала драстично. Меѓутоа овој пат се одлучила за целосна промена и ја скратила својата коса многу кратко.
Коментарите од колегите и публиката се дека никогаш подобро не изгледала и дека сите се задоволни и одушевени од нејзината промена.