Анџелина Џоли заврши на РЕХАБИЛИТАЦИЈА

31 август, 2020
angelina

Не ѝ е лесно…

Иако со години се пишуваше за слабоста на актерката Анџелина Џоли, од почетокот на оваа година се зборуваше дека решила да штрајкува со глад. Сè започна, според извештаите на странските медиуми, поради обединувањето на Jенифер Анистон и нејзиниот поранешен сопруг Бред Пит. Бидејќи не престанува да се пишува, многумина се загрижени за здравјето на 45-годишната актерка, а таблоидот „Нова идеја“ сега пишува дека славната актерка минатата година била во рехабилитација поради пореметување во исхраната.

Имено, Анџелина ја однела на рехабилитација, според споменатиот медиум, нејзиниот 19-годишен син Мадокс, кој бил шокиран кога по неколку месеци ја видел својата мајка. Имено, Мадокс студира во Јужна Кореја и, враќајќи се во Америка, сфатил дека неговата мајка е во најлоша фаза од животот.

Според извор близок до славното семејство, Медокс ја испратил славната мајка на рехабилитација, сè со цел да ѝ го спаси животот. Имено, битката за старателство над децата, но и разводот од Бред Пит, Анџелина, која во минатото водеше битка со пореметување во исхраната, беа премногу. Поради сите проблеми, Анџелина престана да јаде, па токму затоа и беше дадена – стручна помош.

escort - Korsan taksi