Судејќи според приложеното, односот на Анџелина Џоли и Бред Пит никогаш не бил подобар.
„Работите меѓу Бред и Анџелина се подобри отколку што беа порано“, вели изворот.
„Тие се зближени, изолацијата позитивно влијаеше врз нив “, рече изворот.
Оваа позната двојка има шест деца заедно, а поранешните љубовници имаат нов договор. Актерот може да ги гледа помалите деца на неколку дена. Тие живеат само 10 минути одвоено во Лос Фелиз, па затоа и ова е многу изводливо.
Анџелина е воодушевена и од трезвеноста на Пит. Престанал да пие по нивниот развод.
Тие се запознале во 2005 година на снимање на филм, а од тогаш решиле да започнат семејство и да имаат шест деца.