АННА ВИНТУР НАЈАВИ: МОДНАТА ИНДУСТРИЈА НИКОГАШ НЕМА ДА БИДЕ ИСТА ПОСЛЕ КОРОНА ВИРУСОТ!

popara12 април, 20201min00
Винтур

Уредничката на американското издание на Вог наскоро ќе одржи глобално интервју со големи имиња во модната индустрија во кое ќе се осврне на важни теми како што е иднината на модните ревии, за кои се сомнева дека ќе се одржат на ист начин како и досега.

Пандемијата на коронавирус негативно влијае на многу животи, економијата, но и модната индустрија. Апсолутно сите модни ревии се откажани, сите продавници се затворени, а модните марки се потпираат исклучиво на своите веб-продавници и се стремат да го задржат вниманието на фановите на своите социјални мрежи.

Анна Винтур, уредничка на американското издание на модното списание „Вог“, во ново интервју рече дека вирусот ја турка модната индустрија во неизбежни промени во начинот на работа на списанијата и, воопшто, производството кое се повеќе се свртува кон одржливоста.

Следната недела, Ана ќе им се придружи на глобалните Vogue разговори за иднината на модните ревии што ги видовме досега, онлајн продавниците и иднината на малопродажба. „Нема шанси да се вратиме на старо. Претставите беа големи и скапи, па затоа мораме веднаш да ги решиме овие навистина важни прашања“, рече Винтур.

Покрај тоа, таа се здржи со дизајнерот Том Форд и основа фонд „A COMMON THREAD“ преку кое ќе даваат микро заеми до мали компании и дизајнери за да им помогне во пребродување на финансиската криза.

Уредничката смета дека овој вид систем на поддршка ќе им помогне на младите дизајнери да не се откажат од своите соништа.


Џиџи Хадид, Колекција есен / зима Том Форд 2019.

Инаку, Винтур знае од прва рака како е да се бори со коронавирус затоа што нејзиниот син е доктор кој работи на одделот за пациенти заразедни со оваа болест, а и самиот тој бил заразен.

“Јас сум многу горда на него. Тој беше многу болен, но веднаш штом доби сила и можеше да работи повторно, тој веднаш се врати на работа за да продолжи да им помага на другите”, изјави Винтур за „CBS This Morning.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma