Антистрес терапија: зошто е добро да читате книги пред спиење?

popara30 мај, 20202min00
читање

Ако сте во можност да прочитате книга пред спиење, подобро ќе спиете. Секако, не треба да читате цела ноќ, но доколку можете да прочитате неколку поглавја пред спиење, тоа може да влијае поволно на вашето здравје. Читањето пред спиење е подобра варијанта отколку да заспиете со телефон во рака, а еве и зошто:

Подобро паметење

Кога спиете вашиот мозок го претвора краткорочното помнење во долгорочно. Се што ќе прочитате пред спиење вашиот мозок подобро ќе го впие.

Помалку време за ТВ

Свесни сме дека пред спиење не е добро да гледаме телевизија. Па сепак повеќето од нас заспиваат со телевизор, телефон, лаптоп, таблет и сл. Но ако одвоите време за книга, ќе ги одморите малку очите од екраните кои зрачат.

Смирувачки ритуал

Ако често имате потешкотии да заспиете, многу доктори ќе ви го препорачаат смирувачкиот ритуал на читањето. Читањето е совршено бидејќи ќе ве натера да легнете и да се опуштите, да се изолирате од се што ви одвлекува внимание. Тивко е, но не е досадно, бидејќи читате нешто ново.

Повеќе книги

Доколку читате во кревет секоја вечер, имате шанси да прочитате многу повеќе книги од вообичаено.

Антистрес терапија

Докажано е дека читањето го намалува стресот. Читањето ќе ве опушти и вашиот мозок ќе има помалку време да ви создава непријатности, па помирно ќе заспиете.

Подобар сон

Читањето или гледањето телевизија многу влијаат на соништата. Би било супер да се препуштите на четива со фантастични содржини и светови кои би сакале да ги доживеете и посетите во сон.

Подобра концентрација

Освен што ја подобрува концентрацијата, читањето пред спиење ги одбива сите ситуации и луѓе кои ви пречат. Не мора да се грижите дали некој ви ѕирка преку раменици додека читате, како што се случува во градскиот превоз. Креветот е едно од ретките места каде што никој не може да ве прекине додека читате.

Приватност

Ќе бидете многу поопуштени ако читате во приватноста на вашиот дом. Кога читате дома можете да се смеете и да плачете колку ви душа сака!

Ќе ви помогне да заспиете

Читањето пред спиење ви помага да се одморите подобро додека сонувате. Особено печатените книги ќе ви го смират мозокот и ќе направат премин во земјата на соништата, што е многу тешко да се случи доколку гледате во заслепувачкиот екран.

Затоа, наместо да гледате серии на Netflix, пред спиење читајте ги книгите по кои се снимани сериите.  

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag