Стилот на уредување на ентериерите од 60-тите и 70-тите години од минатиот век се враќа на голема врата. Ова е случај со многу детали, вклучувајќи ги и ѕидовите.
Поточно, повторно е во мода во стилот со големи цветни принтови кои потсетуваат на модерна џунгла во вашиот стан.
Овие ѕидови, со игриви и шарени бои можат да го променат изгледот на вашиот дом на многу едноставен и суптилен начин, да го освежат просторот и да му дадат ново освежување без голема инвестиција.
Она што треба да имате во предвид е дека тапетите со посебен принт, како што се овие, треба добро да ги вклопите со боите и моделот заедно со остатокот од мебелот, за да не добиете кич или прешарена просторија, што ќе биде визуелно непријатна.
Тие изгледаат многу убаво во дневната соба, но добро би се вклопиле во трпезаријата, кујната, дури и во бањата.
Ако вашиот мебел е во неутрална боја, овие тапети ќе бидат вистинско освежување – ќе му даде на просторот ширина, освежување и ќе го направи повесел. Сè што ви е потребно се неколку детали – како украсни перници или прекривачи за да одговараат на тоновите на тапетот и ќе имате нов простор со минимален напор.