Ароганцијата и сексуалните скандали го чинеа скоро сè: Ниту титулата „Кубанскот Бред Пит“ не му помогна

popara26 април, 20202min00
актер

Вилијам Леви стана познат по своите улоги во ланоамериканските сапуници, но не остана многу од неговата слава.

Вилијам Леви се прослави со улогите на згодни мажи во латино американските сапуници, благодарение на кои, ги освои симпатиите на жените ширум светот, од кои многумина не го забораваат ни денес.

Неговата најзабележителна улога, благодарение на која стана најбараниот актер во сапуниците, беше во серијата „Внимателно со ангелот“ во која ја играше главната машка улога, или Хуан Мигел.

Дури и познатата Џенифер Лопез не можеше да му одолее, па така во 2011 година се појави во нејзиното видео за песната „ I’m into you “ во која не ја пушти од страсната прегратка. Сепак, после тоа, неговата кариера всушност се спушти на пониско ниво, поради неговата голема желба да се пробие во Холивуд, при што тој одби да се вклучи повторно во сапуниците. Неговите желби и планови не се остварија и наскоро доживеа финансиска пропаст.

Иако тој беше преименуван во „Кубанскиот Бред Пит“ поради неговото потекло и изглед, тоа не му помогна да се стекне со некоја поголема значајна улога. Тој мораше да се откаже од луксузните автомобили што ги возеше, а во 2016 година неговата куќа беше запленета, наводно за долг во износ од 1 милион долари.

Тој беше арогантен и мислеше дека целиот свет е негов, а сега нема ништо. Тој мораше да ја проголта гордоста и да најде начин да заработи за живот. Вилијам минува низ тежок период и веројатно ќе мора да се врати во сапуниците. На почетокот на кариерата, тој стана славен во Мексико, потоа дојде во Мајами и си дозволи да одбие улоги за сапуници бидејќи се срамеше од истите, и сакаше да глуми во холивудските филмови.

Денес 39-годишниот Вилијам успеа да реши некои од неговите финансиски проблеми, но сè уште нема желба да се врати во теленовелите, но сеуште има гласини дека тој ке биде принуден да го направи истото.

Иако професионалната кариера не му оди во полза, во приватниот живот тој имал повеќе среќа отколку ум. Имено, тој е во брак со актерката Елизабет Гутиерез веќе 17 години, што не го спречило да се „занимава“ наоколу секогаш кога имал можност.

Неколку пати бил поврзан со згодните соученици со кои играл, а се шпекулира дека Џенифер Лопез поради него го раскинала бракот со Марк Ентони. Но, неговата најголема афера беше со актерката Жаклин Бракамонтес,  за која дури се заколна и дека ќе ја остави сопругата.

Таа јавно проговори за нивната романса, и призна дека ја прекинала врската со Вилијам само кога дознала дека тој и неговата сопруга очекуваат второ дете. Тој негираше сè, но малкумина веруваа во неговата приказна.

Нови проблеми се појавија откако тој беше обвинет за привлекување на малолетничка во хотелска соба и принудување да имаат секс. Обвинението подоцна беше повлечено, но Вилијам никогаш не негираше дека спиел со засегнатата девојка, но изјавил дека таа го излажала колку години има.

Но, ова не беше крајот на скандалите во неговиот живот, веднаш потоа се појавија докази за допишување со Мис Мексико Ксимена Наварет, уште една од неговите наводни љубовници во серијалот.

Сепак на крајот, неговата сопруга му прости за сите и реши да остане со него, и тие се уште се заедно, бидејќи се вели дека целосно се сменил и се посветил на заедничко воспитување на нивната ќерка и син.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag