Состојки:
- 3 парчиња халуми сирење
- 200 грама пршута
- Една рака свеж аспарагус
- 2 шолји сенф
- 1 шолја мед
- Сол и Бибер
- Маслиново масло
Подготовка:
Да започнеме со сирењето. Ставете само капка масло и не грижете се за чистењето, сирењето воопшто нема да се залепи за оваа тава. Оставете го само 3 минути додека да добие златно кафеава боја и извадете го.
Сега земете две парчиња свеж аспарагус кој претходно го измивме со топла вода и почнете да ја создавате порцијата. Тоа е супер лесно, само ставете ги парчињата аспарагус едно до друго и ставете го сирењето во средина, и потоа едноставно намотајте ја пршутата околу сирењето за состојките да останат на своите места. Повторете го процесот со преостанатиот аспарагус.
Не заборавајте да ја исчистите тавата во која го пржевте сирењето. Јас користам салфетка, но Вие можете и да ја исплакнете со вода.
Кога ќе го подготвите сиот аспарагус, земете ја тавата и ставете го во неа, преливајќи го со малку маслиново масло. Тоа ќе помогне аспарагусот да ги впие вкусовите на сирењето и пршутата додека состојките се печат во рерна 12 минути на температура од 220 степени. Сирењето во внатрешноста ќе се истопи уште малку, а пршутата ќе го направи јадењето посолено. Се што ни треба сега е да го направиме сосот кој совршено одговара за ова јадење. Сенфот и медот ќе ги ставиме во мал сад и ќе ги измешаме; тие ќе му го дадат завршниот допир на овој рецепт пребогат со вкус.