
Софија Милошевиќ денес своите следбеници на Инстаграм ги почасти со фотографии на кои се гледа трудничкото стомаче.
Убавата манекенка е во среќна врска со фудбалерот на Реал Мадрид, Лука Јовиќ, со кого очекува дете.
Нивната врска им беше големо изненадување на многумина, особено ако се земе предвид дека сè се случи брзо. Само што објавија дека се во врска, брзо пристигнаа вести за принова.
Манекенката се уште изгледа заводливо, а трудничкото стомаче е едвај видливо, што можете да го видите во видеата што ги сподели со своите фанови.