Атрактивната Ирина Шајк сподели 3 ефективни и практични трикови за убавина за негуван и свеж изглед кои нема да ве чинат ниту денар

28 декември, 2020
collage-103

Згодната Ирина Шајк наскоро ќе наполни 35 години, но поради нејзиниот свеж и негуван изглед, малкумина би ѝ ја припишале таа бројка. Една од најуспешните модели на денешницата е верна на истата рутина за убавина долги години, а тоа е тајната на нејзината убавина и младост. Во неодамнешното интервју за модната библија Vogue, познатата Русинка откри три практични и ефективни трикови за убавина што можете да ги испробате сами, а тоа нема да ве чини ниту денар

И многу помлади девојки би ѝ завидувале на рускиот супермодел Ирина Шајк за негуваниот и беспрекорен изглед во четвртата деценија од животот.

Атрактивната 34-годишна манекенка посветува многу внимание на негата на кожата на лицето, а во неодамнешното интервју за магазинот Vogue откри неколку од нејзините тајни за убавина.

Додека повеќето познати дами имаат многу професионална опрема за шминка и разни четки во својата козметичка торба, тоа не е случај со поранешната партнерка на актерот Бредли Купер. Познатата Русинка се шминка со прстите за да постигне што поприроден изглед.

Никогаш не се шминкам со апликатори или четки, туку со прстите. Ова го олеснува целиот процес, особено затоа што често сум на пат, затоа не мора да се грижам дали ќе го ставам целиот прибор во несесерот“, вели Ирина.

Исто како и повеќето жени, еден од најуспешните модели на денешницата се бори со темни подочници, но за овој заеднички проблем со убавината таа има ефикасно решение кое нема да ве чини ниту денар.

„Кога сум на пат или сум уморна и се будам со отечени очи, најдобриот начин да го надминете тој проблем е да поминете со коцка мраз. Тоа ме научи мајка ми и навистина помага. Само поминувам околу очите, брадата и лицето. Тоа навистина помага “, рече таа.

Конечно, Ирина Шајк сподели трик за совршени веѓи за кои сонува секој ентузијаст на убавината, а ќе ви требаат само две работи што сигурно веќе ги имате во бањата.

Имено, згодна Русинка ја чешла косата со стара четка за заби на која претходно нанесе малку лак за коса. Така, веѓите лесно ќе ја добијат посакуваната форма и ќе ја чуваат до неколку часа.