
Инвестирани се 8,24 милиони американски долари за развој на спрејот
Австралиската компанија за биотехнологија Ена Респиратори денес објави дека спрејот за нос што го развива за да го подобри човечкиот имунолошки систем во борбата против настинката и грипот значително го намали растот на корона вирусот.
Како што беше најавено, тоа беше утврдено во неодамнешната студија за животни, пренесува Ројтерс.
Студијата, предводена од Агенцијата за јавно здравје на Англија, спроведена на творови, покажа дека производот наречен Inna-051, кој може да се користи како додаток на вакцините, го намалува нивото на вирусот кој предизвикува Covid-19 до 96 проценти.
Компанијата соопшти дека ќе биде подготвена да го тестира Inna-51 на луѓе за помалку од четири месеци, откако ќе добие регулаторно одобрување.
Инвестирани се 8,24 милиони американски долари за развој на спрејот.