Манекенката Бела Хадид (23) не ги запоставила фотосесиите и покрај тоа што се наоѓа во изолација. Се снашла така што за италијанскиот Vogue позирала преку видеоповик. За прв пат во историјата списанието го красела празна, бела насловна страна. И модната индустрија морала да се прилагоди на новиот начин на работа, за да се спречи ширењето на коронавирусот.
– Времињата се променија и работењето од дома доби ново значење- напишала Бела на Инстаграм и со фотографии од снимањето објаснила како тоа изгледа.
Славната манекенка е прогласена за најубава жена во 2019 година, а сега позирала во неколку предизвикувачки изданија, додека на некои фотографии носи само накит и обувки.
Се погрижила да не открива премногу, па тие делови ги покрила со вазна со цвеќе.
– Во својата долга историја низ која се протега, Vogue поминал низ војни, кризи и терористички напади. Неговата традиција е никогаш да не гледа на другата страна. Пред помалку од две недели требаше да печатиме списание кое го планиравме веќе некое време и кое го вклучува и L’Uomo Vogue. Но, сега да се зборува за било што додека луѓето умираат, лекарите и медицинските сестри ги ризикуваат своите животи, а светот засекогаш се менува, тоа не е во ДНК-та на Vogue Италија-порачале челните луѓе на списанието и додале:
– Заради тоа подготвивме замислен проект и почнавме од почеток. Одлуката за прв пат во нашата историја да испечатиме потполно бела насловна страна не е затоа што ни недостасуваат фотографии, напротив. Така решивме бидејќи белата боја симболизира во исто време повеќе работи.
Новиот број на Vogue е пуштен во продажба на 10 април. Сепак, не била само Бела зафатена овие денови. Истото го направила и нејзината сестра Џиџи Хадид (24), чии фотографии исто така се појавуваат новото во списание, но таа имала помош.
За разлика од сестра ѝ која сè морала сама и успеала благодарение на модерната технологија, Џиџи ја фотографирала другарката Леа МекКарти, со која поминува време во самоизолација.
– Како и секоја индустрија, модата го најде новото “нормално”. Па кога Vogue ми го прати изгледот на Chanel, направив фантастична сцена од она што сите вообичаено го правиме во пуловери- изјавила Џиџи во објавата на Инстаграм.