
- На 92-на возреаст почина актерот и комичар Џери Стилер
- Неговиот син, глумецот и режисер, Бен Стилер ја потврди тажната вест на Twitter
- Комичарот е познат по улогите во сериите „Seinfeld” и „The King of Queens”
Почина комичарот Џери Стилер на возраст од 92 години, а веста ја потврди неговиот син, глумецот и режисер, Бен Стилер со тажна посвета на Twitter.
„Со жалење Ве информираме дека мојот татко, Џери Стилер, почина од природна смрт“ напиша Бен и додаде дека Џери бил „прекрасен татко и дедо како и посветен сопруг цели 62 години во бракот со својата сопруга Ана. На сите ќе ни недостига. Те сакам тато“ напиша Бен на фотографија од својот татко.
Џери Стилер ни е познат од малите екрани со улогите во сериите „Seinfeld” и „The King of Queens” како и во филмот „Zoolander” каде глумеше со својот син Бен.