Беспрекорно пролетно издание на Меланија Трамп: Никој не може да најде маана во овој фустан! (ФОТО)

popara29 мај, 20201min00
219799_profimedia0523085697_ff

Првата дама на Америка продолжува да воодушевува со своите модни избори

Меланија (50) и Доналд Трамп (73) присуствуваа на демонстрационата тура, за мисијата на SpaceX Demo-2 во вселенскиот центар Џон Ф. Кенеди на Флорида.

За оваа пригода, првата дама на Америка се потпре на стајлингот на нејзиниот долгогодишен стилист и моден дизајнер Херв Пјер.

Со насмевка на лицето и држејќи се за рака со сопругот, Меланија чекореше самоуверено во темно син миди фустан, дизајниран од славениот починат туниски дизајнер, Азедин Алаие.

Ефектен фустан со впечатлива бела шарка и засечен крој ја истакна нејзината совршена фигура. Меланија го заокружи ова издание со белите салонки дизајнирани од  Маноло Бланик. Својот аутфит го акцентираше со очила за сонце кои имаат златен сјај.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag