Витамини се неопходни за нашето тело, без оглед на возраста, но по 40-годишна возраст, мора да ги земате овие 3 витамини редовно.
За да се забави процесот на стареење, неопходно е да се дејствува на кожата во длабочина, а тоа најдобро се постигнува со внесување на одредени витамини или преку храна која е богата со овие витамини.
Тие можат да помогнат во подобрувањето на состојбата на целиот организам и подеднакво добро се борат против брчките и штетните фактори кои го нарушуваат изгледот на кожата.
А, Ц и Е, се витамини кои се неопходни по 40-годишна возраст, потенцираат експертите.
Витаминот А е важен затоа што ја регулира работата на хормоните, го стимулира лачењето на колагенот и ја зајакнува кожата. Најмногу се наоѓа во морковите, млекото и млечните производи, како и во рибата, кајсиите.
Витаминот Ц е неопходен затоа што го спречува појавувањето на капиларите и флеки на кожата. Изобилно е во киви, лимон, домат, зелка.
Витаминот Е е најважниот сојузник во борбата против стареењето на кожата, а најмногу го има во житарките, јаболката и сојата.